Згазена жена на бадниковиот оган во Аеродром (Видео)


Идентификувана е жртвата која беше прегазена во Аеродром вчера вечерта. 

verosaobracajka2Вчера во 20,20 часот, во Скопје на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица што води кон ТЦ – Веро се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистерски таблички управувано од Б.Х.(22) од Скопје и пешак Даница Ј.(67) од Скопје, која починала на лице место. Смртта е констатирана од екипа на итната медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР-Скопје. По наредба на истражен судија телото на починатата е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Во непосредна близина на сообраќајката верниците со палење на бадниковиот оган го прославуваа бадник, а на булеварот имало голема фреквенција од луѓе кои веднаш се обиделе да и помогнат на прегазената жена, но за жал таа од силниот удар веднаш им подлегнала на повредите.

Видео/Фото: Се уште не е утврден идентитетот на жената која беше згазена вечерва во Аеродром
Згазена жена во Аеродром вечерва (Фото)

Mknews.MK – soobrakjajka vero from MKnews on Vimeo.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1