За празниците облачно време, со ветер и слаб снег


Времето за божикните празници ќе биде променливо облачно, ќе дува засилен северен ветер, а во одредени делови на земјата ќе провејува снег.

cloud-37012_640
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. На повисоките места и на планините ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен наместа силен северен ветер со брзина од и над 80 километри на час. Температурата ќе се движи од минус еден до шест степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ветровито, со температура до четири степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален снег и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1