Кока-Кола е еден од најпознатите светски брендови, а освен тоа што масовно во светски рамки се користи за пиење, нејзината супстанца сода бикарбона која ја користи во својот состав може да помогне, како за чистење на предметите околу вас, така и за вас.
Чистење на лонци
Кока-Кола може да помогне во чистење на дното на лонците кои се зацрнуваат по подолговремено користење. Не целосно, но може да отстрани добар дел од нечистотијата.
‘Рѓа во садови
Неколку часа ‘рѓосаните садови треба да бидат потопени во Кока-Кола, а подоцна и да се исчистат полесно, бидејќи овој пијалок може да помине и низ ‘рѓа.
Чистење на тоалет
Ако тврдокорните камења на дното на ВЦ-школката не можете да ги остстраните со четка, Кока-Кола е решение и за тука.
Чистење на прозори
Кока-Кола помага и во отстранување и на нечистотијата и мастите од прозорите, ако го користите наместо стандардното средство за чистење.
Ублажување на болка
Кока-Кола исто така може да биде ублажувач на болка од убод на инсекти, а и на мачнина во стомакот, при што ја изедначува pH вредноста во стомакот.
Отстранување на гума за џвакање од коса
Ова е веројатно едно од најгрозните чувства, при што речиси сте сигурни дека треба да го отсечете тој дел од праменот, но Кока-Кола може да биде решение и за овде, нанесувајќи ја точно на местото каде гумата е залепена и чекајќи неколку минути.