Пожар го проголта средното училиште во Кочевје, Словенија, а целото место мириса на изгорено. Огнот се запалил ноќта и додека да дојдат пожарникарите изгорело до темел.
Откако огнот беше локализиран се расчистуваше теренот. Купишта запалена пластика, искршено стакло, електрични каблови и друга запалена опрема. Но сите се запрепастиле кога меѓу сите тие црнила нашле еден предмет кој бил недопрен од огнот.
Школска карт на СФРЈ – школото изгоре а Југославија се спаси, прокоментирал еден од работниците кои расчистувал по пожарот.