По еден век Кичево ќе добие нова црква


По еден век во Кичево ќе биде изградена нова православна црква. Црквата ќе го носи името на словенските просветители “Св. Кирил и Методиј“, а ќе биде лоцирана на крстосницата на патот за Крушино и Магистралниот пат

Kicevo– Конечно се надминати сите пречки за почеток на изградбата на црквата Св.„ Кирил и Методиј“. Во текот на овој месец ќе почне изградбата на храмот, а со божја помош и со помош на големиот број верници од градот и државата, за година две ќе го изградиме овој, толку посакуван, храм, изјави за Нова Македонија Тони Петрески,претседател на црковниот одбор.

Инаку камен темелникот за новата црква беше ставен на ден Петровден 2002 година, но поради неразрешени имотно правни односи на дел од плацот, изградбата на истата беше одлаган полни 10 години.

Сега во Кичево има една црква Св.„ Петар и Павле“.

Извор – Нова Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1