Истражувачки тим предводен од Салима Икрам, професор на Египтологија на Американскиот универзитет во Каиро, заедно во соработка со меѓународен тим на истражувачи предводени од Пол Николсон, професор на Кардиф Универзитетот, при рутински ископувања во Сахара, открија 8 милиони животински мумии во гробница.
Студиите на нивните коски говорат дека ваквите кучиња биле од различни раси, кои што засега не се идентификувани.
„Ние ги снимаме коските на кучињата и мумификациските техники со кои се подготвувале истите.
Со земените примероци од коските може да се утврди профилот на животните како и животниот век на истите додека биле мумифицирани“, вели Икрам.
Икрам објаснила дека некои од кучињата биле стари, додека некои биле мумифицирани само неколку часа по нивното раѓање.
Икрам објаснила за „National Geographic“ која го финансира целиот проект, дека за тогашните жители, ваквите мумификации на животните, всушност претставувало пренесување на молитвата на поединците кон задгробниот живот. Вакви подземни катакомби биле откриени во 1897 година од страна на познатиот француски египтолог Жак Де Морган. На неговата карта се гледа дека постојат две катакомби каде што биле мумифицирани кучиња во Сахара.
„Ваквите култови се верува дека вклучуваат и погребувања на бикови, крави, јастреби, мачки и други видови на животни“, вели Николсон.