Брачен пар сакал да има необична венчавка и затоа одлучиле судбоносното ,,да,, да го кажат во воздух во воздушен балон кои го изнајмиле.
Во балонот имало 14 луѓе вклучувајќи ги и зетот и невестата.
Тие не ни можеле да претпостават дека делот во добро и во лошо – лошото ќе им дојде само неколку секунди откако биле прогласени за маж и жена. Инцидентот се случил во Сан Диего.
Бидејќи се снимала венчавката снимено е и уривањето на балонот кој паднал во населено место врз ограда. За среќа само еден од 14 гости е повреден и тоа со полесни повреди.