50 лица се повредени во денешната несреќата кога ферибот во Њујорк, удрил во пристаништето во Менхетн.
Едно лице е во критична состојба со повреди на главата. Околу десетина патници биле евакуирани на носилки со бандажирани глави и вратови.
Фериботот, што во ударен термин доаѓал од Њу Џерси, удрил во кеј финансискиот кварт на Њујорк.
Инцидентот се случил веднаш по 9 часот по локално време.