Мин.Култура: ММИ несмее да наплаќа без договор – Телевизиите да пуштаат мак.музика


Министерството за култура апелира телевизиите Сител, Канал 5 и Алсат да се воздржат од примена на одлуката за непуштање на македонска музика на своите програми, поради најавите од Македонска музичка индустрија дека од почетокот на годинава за тоа ќе почнат да наплаќаат средства.

Од Министетството посочуваат дека ММИ пред да прати дописи за наплата според Тарифникот, треба претходно постигнато договор со корисниците.

televizii– Националните телевизии отсекогаш давале исклучително голем придонес за развојот на македонската музика и македонското творештво, и во таа насока апелираме до националните телевизии Сител, Канал 5 и Алсат да се воздржат од примена на одлуката за непуштање на македонска музика на своите програми, бидејќи не треба да се дозволи музиката и творештвото да трпат штета заради однесување на определени организации кои треба и мора да работат согласно законот, се вели во соопштението од Министерството за култура.

NOMUSIC1

Во него се додава дека за Министерството е неприфатливо Организацијата ММИ пред да иницира постапка за преговарање со корисниците, да започне со примена на Тарифата како основ за наплата на надоместоците.

Оттаму ги повикуваат корисниците, кои од страна на организацијата ММИ се известени дека ќе започне со наплата на надоместоците согласно Тарифата, а без притоа да е започната постапка со нив за договорно утврдување на висината на надоместоците, да го известат Министерството за култура заради разгледување на материјата и натамошно процесуирање.

– Информираме дека дописите кои организацијата ММИ ги има доставено до корисниците, без претходно со нив да отпочне постапка за договорно уредување на односите и висината на надоместоците, не предизвикуваат никакво правно дејство ниту пак создаваат обврска за корисниците, бидејќи истите дописи се надвор од законски уредената процедура, се вели во соопштението.

min kulturaМинистерството за култура потенцира дека целосно го респектира законското право носителите на правата од користењето на својот  труд и сопственост да остваруваат свои приходи, но исто така го уважува и фактот дека поддршката на корисниците е основен предуслов за остварување на нивната дејност и права, заради што цени дека и донесувањето на Тарифата треба да биде од заемен интерес на носителите на правата, корисниците и пошироката општествената заедница, согласно законот и процедурата.

МИА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1