Видео/Фото: Баба и дедо херои – спасиле 5 внуци од пожар држејќи ги во вода 3 часа


baba-1

Тами и Тим Холмс ги чувале внуците Матилда(11), Лијам(9) Кејлеб(6), Естер (4), и Шарлота(1), додека нивната мајка Бони Вокер била во друг град во Австралија.

Пожарите почнале да беснеат во нивна близина и немале време да се евакуираат. многу бргу пожарот стасал и до нивната куќа и единствено место на каде можеле да отидат да се засолнат е пристаништето и водата.

baba-2

Дедото и рекол на бабата да влезе во водата со децата. Таа со 5 внучиња од кои најмалото само 1 годинка влегла под пристаништето обидувајќи се да го додржи дечињата над водата.

Нивната мајка се стаписала кога на интернет ги видела овие фотографии како бабата ги држи децата над водата.

„Знаев дека е многу тешко да се одржат три деца непливачи над површината на водата“, изјавила таа и вели мислела дека засекогаш ги изгубила.

baba-3

Се обидувала да ги добие, да чуе некои вести но се што и останувало да направи е да ги гледа фотографиите на интернет и да се моли.

Бабата со внуците била во вода цели 3 часа, додека дедото се обидувал да ја спаси куќата, но ниту тој ниту пожарникарите не успеале. Toгаш го зел малиот чамец со кој Тами и петте внуци ги однел на сигурно.

„Пожарот брзо се ширеше и прозиведе облак на чад, пепел и ѓубре, и вонедостаток на кислород едвај дишевме знаев дека мора итно да се тргнеме од таму“, изјавил Тим.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1