Пронајден начин лебот да стои свеж и по 60 дена (Фото)


Американските научници пронајдоа начин да го одражт лебот во свежа состојба дури и по 60 дена!

white-breadНовата технологија според мислењата на експертите, значајно би им помогнала на земјите во развој, кои имаат послаби прописи за безбедноста на намирниците и во кој расипливоста на храната станува голем проблем.

Тексашката компанија „Мајкрозап“ објавила дека располага со технологија која може да го направи лебот да не мувлоса ни по 60 дена.

Истражувачте од Универзитетот во Тексас сметаат дека новите технологии ќе можат да се применат во земјите во развој каде што има послаби прописи за безбедност на храната и на заразата.

Prednja strana Majkrozapove pecniceDon
Извршниот директор на „Мајкрозап“, Дон Зап, објасни дека со новиот процес може да се елиминира употребата на конзерваси и разни состојки, да се намали отпадот и да се продолжи рокот на траење на лебот. Тој дополни дека дегустаторите на нетретираните и третираните парчиња по 60 дена, не увиделе разлика во вкусот и квалитетот на лебот.

Првичната намена на технологијата била да се убијат сите бактерии како MRSA (бактерии од групата стафилок) која предизвикува заразна инфекција отпорна на голем број на антибиотици и салмонела.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1