Конечно Кубанците ќе можат да патуваат во странство


Од понеделник Кубанците ќе можат да патуваат во странство, соопшти висок претставник на имиграциските власти.

kubaНа 14 јануари стапуваат во сила промените во законот за патувања, одобрени од претседателот Раул Кастро.

Сите Кубанци на возраст над 18 години ќе можат да патуваат надвор од земјата. Неполнолетните лица ќе го имаат истото право со нотарска заверка од нивните родители или старатели.

Се очекува промените во законот да бидат од корист за неколкуте милиони Кубанци кои живеат во странство – околу 80 проценти од нив во САД, како и за спортистите, музичарите.

Миграциската реформа – првата преземена социјална мерка од комунистичкиот режим која ги отвора вратите за Кубанците кон светот, беше објавена од Раул Кастро на 16 октомври.

Кубанците не можеа слободно да патуваат од доаѓањето на Фидел Кастро на власт.

kuba1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1