Свештеникот Дон Андреа Гало стана ѕвезда на Јутјуб кога на среде миса во црква почна да ја пее познатата партизанска песна “O бела чао”
Тој на среде миса пред голем број присутни верници во црква во Џенова почнал да ја пее О бела чао, а верниците со воодушевување му се придружиле па низ црквата ечеше О бела чао.
Свештеникот додека пее весело мафта со црвениот појас а верниците му аплаудираат.
Но ова не е прв пат овој свештеник да се најде на Јутјуб. На една снимка зад него додека држи миса се наоѓа знаме во боите на винижитото што е симбол на ЛГБТ заедницата за заштита на правата на хомосексуалците.
Ова да се случеше кај нас веројатно ќе беше скандал, но во Италија помина сосема незабележано.