Полицајците кои го обезбедуваа собранието при инцидентите добија парична награда


sobranie dve strani

Полицијаците кои учествуваа во обезбедување на протeстите пред Собранието на Македонија на 24 декмври, како и собраниското обезбедување кое насилно ги избрка пратениците од опозицијата и новинарите од салата, добиле награда од околу 200 евра, велат од Достоинство.

Според Стојанче Ангелов станува збор за 800 припадници на полицијата кои пред Собранието успеале да спречат поголеми инциденти, но дел од нив заедно со собраниското обезбедување ги пречекориле овластивањата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека дел од полицијаците кои учествуаа во обезбедување на Собранието добиле парична награда заради зголемен обем на работа, што било пракса и во минатото.

Полицајците, според МВР, псотапувале професионално и не подлегнале на ничии притисоци и успеале да спречат посериозни немири, па затоа неколку пати биле пофалени од министерот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1