На новите банкноти од 5 евра, украсена со портрет на феникиската принцезата Европа од грчката митологија, за прв пат ќе биде напишано „евро“ и со кирилично писмо.
Европската централна банка (ЕЦБ) денска ги промовираше новите банкноти од пет евра, што се со подобра заштита против фалсификување.
Единствената земја која користи кирилицата во ЕУ, е Бугарија, која се уште не е членка на еврозоната, па отпечатувањето на еврото со кирилица се толкува како политички сигнал на доверба од страна на Европската централна банка како и проширување на зоната во иднина. Кирилично писмо користат и два кандидати за ЕУ Македонија и Србија.
Новите банкноти од серијата „Европа“, беа презентирани од претседателот на ЕЦБ Марио Драги ќе бидат пуштени во промет на 2. мај 2013 година.
Банкнотата беше преставена на изложбата со наслов “Новото лице на еврата”, поставена во Археолошкиот музеј во Франкфурт и ќе биде отворена до 10. марта.
Новите банкноти од серијата “Европа” од 10, 20, 50, 100, 200 и 500 евра ќе бидат во оптек во наредните 5 години. Ќе важат и старите евра, но постепено ќе се повлекуваат од оптек. Ќе ја сочуваат вредноста и ќе може да се заненат во националните банки на членките на евро зоната.