Американски град забрани продажба на вода во пластични шишиња (Видео)


Градските власти на Конкорд во американската држава Масачусетс, донесоа нов закон со кој се забранува продажба на вода во пластични шишиња.

bann-2На 1 јануари стапи на сила законот со кој секое сервирање вода во пластични шишиња е незаконско. Оправдувањето е дека со законот сака да се влијае на граѓаните да го зголемат користењето вода од чешма и со тоа да придонесат во решавање на проблемот со загадувањето.

Градот има голем проблем со справување со големиот број пластичен отпад.

Празните пластични шишиња ги преплавуваат отпадите, а компаниите заработуваат многу пари празнејќи ги чешмите и продавајќи ни вода што и сами можеме да си ја налееме и да потрошиме многу помалку.

Кога прв пат ќе биде прекршен законот, тој што продавал вода ќе биде опоменат, за втор пат следи казна од 25 долари, трет пат 50 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1