Денеска падна дел од Владата на Никола Груевски. Поточно станува збор за еден министер од Владата – Падна ама буквално.
При денешното отворање на спортската сала во средното училиште „Зеф Љуш Марку“, партија пинг-понг одиграа премиерот Никола Груевски и министерот за образование Панче Кралев.
Министерот Кралев во обид да врати еден од ударите на премиерот, се лизна и падна. На крајот победи Груевски – му попушти ли Кралев?