Фејсбук за во вторник најави прес конференција, за која дури испрати и покани, што е реткост за оваа компанија.
Се појавија и гласините дека е можно да го претстават сопствениот паметен Facebook телефон.
Се’ уште не е јасно дали компанијата ќе го произведува самиот уред или ќе претстави свој оперативен систем што ќе работи на телефоните на други произведувачи.
Дали мистериозната прес конференција е за промоција на телефонот или некоја друга новост од Фејсбук ќе се знае утре.