Одделението за национална безбедност во САД смета дека Јава претставува огромен безбедносен ризик. Се препорачува на сите корисници да го исклучи јава додатокот на пребарувачите и тоа веднаш, и целосно да го исчисти од компјутерите.
Хакерите успеале да пронајдат слабости во софтверот и преку него да ги хакираат корисниците. Според експертите за безбедност, пропустот на Java овозможува и криминални активности со крадење информации од кредитни картички но и крадење на идентитет.
Од Oracle најавија дека ќе направат поправка за Java со која би требало да закрпат 86 безбедносни дупки и тие им препорачаа на сите корисници да ја инсталираат новата верзија на Java, а старата да ја унинсталираат. Инаку Java се користи на повеќе од милијарда компјутери ширум светот.
Oracle Corp. ја купи Java како дел од $7.3 милиони вредната зделка од изумителот на софтверот Sun Microsystems, во 2010.