Вака најверојатно ќе изгледаат идните библиотеки, голем број на гаџети, а без книги. Наместо печатени копии, посетителите ќе бидат услужени со електронски уреди.
Веќе постои проект за изградба на првите вакви библиотеки во САД. Идејата зад проектот е содржините од книгите да им бидат достапни на сите читатели низ електронските гаџети, вклучително и на оние кои не можат да си дозволат да купуваат книги.
Според „Сан Антоние Експерс“, иницијаторите на проектот се надеваат дека ќе имаат можност да ја отворат првата филијала веќе нареднава есен.
Идејата е да се започне со изградба на нови дигитални библиотеки во области каде што не постојат традиционални библиотеки.
Проектот ќе бара најмалку 250,000 долари инвестиции, а дополителни средства понатаму ќе се употребат и за проектирање и изградба на простории и купување на потребната опрема.