Филе предлага трилатерална средба – Поповски вели предлогот е позитивен


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе испратил писмо до шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос, во кое предложил нова рамка со која Европската комисијата би имала директен увид во процесот на преговори за името.

ivanov_fileФиле, како што пренесува Дојче веле, предлага трилатерална средба, на која ќе присуствуваат Филе, Аврамопулос и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Еврокомесарот побарал од двете страни да назначат свои претставници, а за негов личен преставник го назначил директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино.

Целта на новата рамка е да се надградат заклучоците за Македонија од декемврискиот Совет на ЕУ

 Позитивен предлог кој може само да придонесе кон дополнително градење на довербата меѓу двете земји, е оценката на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

poposki_1804_g4– Мислам дека сите имаат интерес за зачувување на кредиблитетот на европските интеграции без никаков исклучок. Сметам дека секоја земја-членка на ЕУ има интерес во зачувување на тој кредибилитет и клучни играчи во зачувување на тој кредибилитет треба да бидат оние кои го предизвикале тој кредибилитет во минатото, а ние како земја-кандидат имаме интерес да бидеме конструктивен партнер во градење на дијалог кој ќе ни овозможи надминување на непринципиелни препреки поставени во минатото.

Така што сметам дека е добро да се има комуникација, позитивно е да има придвижување во тој правец и мислам дека е логично во ова ирско претседателство да се донесат одлуки кои би обезбедиле зачувување на тој кредибилитет во наш интерес, во интерес на земјите-членки и секако на Европската комисија, рече Попоски.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1