Мисица ќе ги отстрани градите за да се спаси од рак


На овогодинешниот, 92-ти по ред натпревар за „Мис на Америка“, се натпреваруваше девојка која наскоро ќе биде подложена на отстранување на градите.

1357931201allyn-rose-miss-america-467Елин Роуз ја претставуваше државата Вашингтон на американскиот избор на убавина, а доколку и по некоја случајност победеше на истиот, таа сеедно ќе го направеше она што го наумила: да се подложи на двојна мастектомија.
Оваа 24-годишна девојка двојната операција ќе ја направи како превентивна мерка, со цел да ја сведе на минимум можноста за заболување од рак на дојката, болест која ги однесе животите на нејзината мајка и баба.
– Мојата мајка би се откажала од секој дел од нејзиното тело за да биде со мене, да ме гледа на изборот. А ако постои нешто што можам да го направам за да бидам проактивна, тоа можеби ќе биде болно, можеби ќе и наштети на мојата физичка убавина, но барем ќе бидам жива – изјавила Роуз пред изборот, пренесуват американските медиуми.

Нејзиниот татко и ја предложил идејата за мастектомија уште кога таа имала 18 години и се запишувала на факултет, но тогаш таа ја одбила и самата помисла на таквиот зафат затоа што во тој период, физичката убавина за неа била на прво место.

119644529allynros373094c allyn-rose-getty1620x350

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1