Лавовска игра на нашите ракометари. Многу пропуштени голови, не ги пратеше среќа нашите ракометари но сепак на крајот успеаа да издејствуваат нерешен резултат против голематa Русија.
10 израмнувања имаа нашите ракометари, Стојанче Стоилов е прогласен за играч на натпреварот.
Кирил Лазаров постигна 10 голови, Манасков 5 – на крајот резултатот 29-29
Македонија сега има 5 бодови. Данска – европскиот првак е следен. Утре заслужен одмор за нашите ракометари.