Бугарската продуцентска куќа „Пајнер“, позната како најголемиот продуцент на поп-фолк музика во земјата, доби големи средства од Оперативната програма за конкурентност на Европската унија.
Според пишувањата на бугарскиот дневен весник „Прес“, на „Пајнер“ одобрени се 3,197 милиони лева, од кои речиси два милиони лева (1,025 милион евра) се средства од Европската унија.
„Пајнер“ е популарен по таканаречената „чалга-музика“, која има текстови што се вртат околу сексуалните алузии и парите. „Пајнер“, која истовремено е сопственик и на телевизискиот канал „Планета“, изјави дека добиените пари ќе ги потроши на привлекување нови гледачи и на остварување нови приходи од реклами, со што би се создале услови за „отворање нови работни места и за поттикнување на бугарската економија“.
Хит Портал