Хајнекен го разблажува пивото и на тој начин штеди осум милиони евра


heineken7_1024x768Рецесијата ја примора холандската компанија „Хајнекен“ да го разблажи едно од најпознатите пива во Велика Британија, „Џон Смитс“, од 3,8% на 3,6%. Намаленоста на алкохолот во пивото, компанијата на годишно ниво и заштеди осум милиони евра, поради тоа што за пивото со намалено количество на алкохол се плаќа помал данок. 

Од компанијата тврдат дека намалениот алкохол во пивото за само 0,2 % нема да го промени неговиот квалитет и вкус, но ќе помогне на компанијата да заштеди големи количини на пари, кои потоа може да ги вложи во маркетинг и развој на „Џон Смитс“ пиварите.
Холандскиот бренд не е единствен кои мора да се прилагоди на условите на тешката финансиска клима. Поедини чоколади како Марс и Сникерс, сега се со помала грамажа отколку порано, а производителите тврдат дека овој чекор е направен како реакција на проблемите со дебелината.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1