Хирурзите во болницата во германскиот град Хановер, оставиле дури 16 предмети во телото на банкар кој во 2009 година бил на операција за рак на простата. Банкарот починал минатата година.
Бидејќи раните не зараснале по операцијата, пензионираниот банкар Хелмут Брехт повторно бил подложен на операција и докторите отстраниле од утробата игла, завои и хируршки ракавици, изјави адвокатот Анет Коринт.
настанот се случил во болница Henrietštift во Хановер, која е управувана од страна на една организација здружена со протестантската црква.
По смртта на 77-годишниот банкар, неговото семејство побара надомест од 80.000 евра поради маките и страдањата на починатиот, плус надоместок на трошоците за операциите и судењето.
Achim Balkof, портпарол на организацијата која раководи со болницата, ги отфрли тврдењата и изјави за Асошиетед прес дека предметите не може да биле оставени во телото на пациентот. Причината, рече тој, е што болницата не ни користела таква опрема како што е набројано во тужбата.