Двајца градежници од Лондон, вчера требало да се на работа, на кранот во кој удри хеликоптерот среде Лондон, но за чудо за прв пат за 3 години и двајцата се успале за на работа.
Ники Бијаџони (31) и Ричард Мул (30), вчера за прв пат во овие 3 години каснеле на работа, а тоа им го спасило животот.
Мул, кој е татко на две деца, вели дека тој и колегата требало да се на работа во 7 часот наутро, но обајцата задоцниле.
” ова е прв пат за 3 години да закаснам на работа, толку време работам на овој кран. Едноставно не се разбудив навреме, незнам зошто. Стасав на работа околу 8 и бев во подрумот се подготвував да се качам на кранот кога се случи несреќата,, вели Мул.
Сопругата на другог работник, Леана Бијаџони, рекла дека не го чуле алармот.
” тоа никогаш не ни се случило,, вели Леана.
Вчера пилотот Пит Барнс удари со хеликоптерот во металната конструкција на кранот во центар на Лондон и падна на улица, загина тој и еден пешак. 11 луѓе беа повредени.