Руски опозиционер се самоуби, откако не доби азил


Припадникот на руската опозиција Александар Долматов, член на нерегистрираната партија “Друга Русија”, се самоуби во бегалски центар во Амстердам

ruski opozicionerТој побарал политички азил во Холандија, по учеството во демонстрациите против рускиот режим во мај минатата година. Долматов не добил азил, но наскоро требало да се одлучува за неговата жалба.

Долматов избега од Русија, откако беше уапсен на 6 мај за време на демонстрациите организирани во пресрет на полагањето заклетва на новоизбраниот претседател Владимир Путин.

Тој беше ослободен, но се плашеше дека повторно ќе биде уапсен и обвинет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1