Одвратен бизнис ширум екс ЈУ – Кучиња завршуваат во лаборатории или како движечки мети!


abc_abc_dog_abuse_080306_mnВо текот на масовниот шверц на кучиња скитници низ БиХ, Србија, Црна Гора, Романија и Хрватска во земјите низ западна Европа, бескурполозните шверцери користат лажни идентитети.Цена по куче – 300 евра!
Шверцот на кучињата скитници од БиХ, Србија, Црна Гора, Романија и Хрватска во земјите на западна Европа, особено во Германија и Австрија, стана профитабилен бизнис, каде што шверцерите заработуваат големи суми на пари.
Постојат дилери и тоа е познато, само тешко се докажува. Бесперкулозните дилери на животни користат скриени мејлови, лажни идентитети, најмногу работат преку социјалните мрежи со користење на прекари, немаат регистрирани азили, па поради тоа речиси е невозможно да им се влезе во трага.
3496374_370Кучињата скитници се извезуваат од овие земји под изговор на усвојување, иако наместо во удобните домови, завршуваат во лабораториите, или како покретна мета при тестирање на оружје!
Ги тестираат експлозивите на нив!Се користат при тестирањата за производство и користење на шампони.Дури и експлозивите се тестираат на нив. Тоа функционира на тој начин што одреден број на животни се поставуваат на едно место, а потоа над нив се тестираат новите пиштоли или автоматски пушки.

Криумчарењето на кучињата и мачките се врши интезивно за три години, а само неодамна ваквата приказна почнала да излегува во јавноста.

jharkhand-3_660_011113054855Со овој проблем особено во последните неколку месеци се занимаваат медиумите од БиХ и Хрватска.
За голем број на здруженија за заштита на животните во БиХ тамошните медиуми се изјасниле дека за домување на едно куче, цената се движела од 200 до 300 евра.

Друштвото за заштита на животните во Подгорица не дозволуваат кучињата да се извезуваат преку границите.

Според нивните зборови секое куче од БиХ кое што не е удомено, се праќа во Црна Гора каде што се бараат луѓе кои би сакале да го земат. Од таму велат дека некои од другите општини ги удомуваат во Германија, не знаат точно што се случува со нив, но се надеваат дека завршуваат во топли домови со добри семејства.

ŠTENCIГолемиот број на форуми ваквиот тип на проблем го нарекуваат анималистичка проституција. Германија многу години се бори против ваквото зло, но ситуацијата е надвор од контрола. Постојано се зголемува бројот на кучињата кои дневно доаѓаат во Германија и се наменети на црниот пазар.

На форумите се пишува дека кучињата се возат по две до три во иста кутија, по 20 до 30 во исто комбе, по 1000 километри, без пауза за јадење, вода и физиолошки потреби.

Стигнуваат на целта нечисти, гладни и жедни, често болни, летаат без клима, во зимно време без греење.

Многу од нив умираат за време на транспортот, некои успеале да се спасат да избегаат, некои страадат при сообраќајки, но заедничко за сите нив е тоа што нема семејства кои ги чекаат на крајната дестинација.

article-new-ehow-images-a06-hb-kj-mental-effects-abuse-dog-1.1-800x800Масовните транспорти имаат само една цел, да донесат што можно поголем број на животни, а дилерите да заработуваат што повеќе пари.

Од 300,000 до 400,000 кучиња и мачки од регионот во годината се пренесуваат на Западот, само околу десет проценти имаат шанса навистина да уживаат во новиот газда, кој за нив е подготвен да плати по неколку стотина евра.

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1