Глуви близнаци избраа смрт откако дознале дека и ќе ослепат


На белгиските идентични близнаци глуви од раѓање им беше одобрено барањето за евтаназија откако го изгубија видот и не беа во можност да комуницираат. 

Лекарите на 45-годишните близнаци им дале смртоносни инјекции откако тие заедно го испија последното кафе за збогум, изјави портпаролот на болницата од Брисел.

bliznaciИ покрај тоа што евтаназијата е легална во земјата, овој случај го привлече вниманието на медиумите бидејќи браќата не беа неизлечиво болни или близу до крајот на нивните животи. „Неподносливото страдање може да биде и ментално колку и физичко“, изјави портпаролот на болницата.

„Браќата беа неразделни. Тие живееја заедно и имаа иста работа“. Браќата најпрво беа одбиени од нивната локална болница и две години водеа судски спор пред да добијат законско одобрување за евтаназија.

Д-р Давид Дуфур, лекар на близнаците, изјави за „Телеграф“ дека се родиле глуви и наскоро целосно ќе ослепеле поради генетска форма на глауком. Освен тоа, тие имале и други „сериозни“ здравствени проблеми. „Сето тоа предизвика нивниот живот да биде неподнослив“, изјави Дуфур.

Семејството се обидело да ги одврати но на крајот увиделе дека близнаците не сакаат да зависат од никого, а со оглед на фактот дека комуницирале само со знаковен јазик, слепилото би ги направило целосно зависни. На крајот испиле кафе, се поздравиле со сите. Мафнале ’Горе на небото‘, рекоа тие. ’Горе на небото‘, одговоривме ние.  И потоа се’ се заврши“, изјавиле од семејството.
Белгија е една од ретките земји каде што евтаназијата е легална и овој случај ги тестира границите на тие права. Легализирана е во 2002 година и бројот на лицата што се евтаназирани се зголемува. Во 2011 година беа одобрени 1.133 барања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1