На Евровизија настапуваме 6-ти во втората полуфинална вечер


Денес во Малме се одржа евровизиската ждребка каде беше одреден редоследот на земјите учеснички на 58-от избор за Песна на Евровизија кој што ќе се одржи од 14-18 мај во Шведска.

macedonia 2013Музика24 дознава дека македонските претставници Есма и Лозано, ќе настапат во втората полуфинална вечер под реден број 6. Во првата полуфинална вечер ќе настапат 16, додека во втората освен Македонија, ќе настапат исто така 16 земји учеснички.

ПРВА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР
Прва половина: Данска, Хрватска, Украина, Холандија, Австрија, Словенија, Естонија, Русија.
Втора половина: Литванија, Србија, Ирска, Белорусија, Кипар, Црна Гора, Белгија, Молдавија.

ВТОРА ПОЛУФИНАЛНА ВЕЧЕР
Прва половина: Латвија, Азербејџан, Малта, Исланд, Сан Марино, МАКЕДОНИЈА, Финска, Бугарија.
Втора половина: Израел, Норвешка, Албанија, Унгарија, Швајцарија, Грузија, Грција, Ерменија, Романија

Дали и колку ќе успееме овој пат да влеземе во финалето, освен од нашите претставници, тоа ќе зависи и од нашата дијаспора како и од начинот на кој ќе се претставиме и промовираме пред останатите.

Извор – Музика24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1