Со своите само 15 години, Филип Лазаревски е подготвен да скока по крстот во студените води на Вардар, објави весникот Нова Македонија, кој е организатор на утрешното чествување на празникот Водици.
Филип живее во скопската населба Ченто и ученик во втора година во средното фискултурно училиште “Методи Митевски – Брицо“.
За себе вели дека е голем верник кој го сака христијанството и дека имал голема желба да скока по светиот крст во водите на Вардар.
“Сметам дека доколку го фатам крстот, тој на моето семејство ќе му донесе среќа, бериќет и здравје“, изјави Филип.