Нивото на Мртво Море се покачи за прв пат по 10 години


Нивото на Мртво Море се зголеми за прв пат во изминатите десет години, јави ДПА.
new_resevoirПоројните дождови овој месец доведоа до зголемување на нивото на водниот басен за десет сантиметри во одност на мерењата извршени минатиот месец.
Мртвото Море, најниската точка на земјата, се снабдува со вода од реката Јордан и другите притоки преку Западниот Брег, од кои многу забележаа зголемување на нивото на водата поради бурите во текот на овој месец.

Светската банка во вторникот претстави извештај за одржливоста на проектот за изградба на канали, кои ќе ги поврзуваат Црвеното Море и Мртвото Море. Идејата за поврзување на двете мориња постои повеќе од еден век.  Проектот сепак стана итен, откако беше утврдено дека брегот на Мртвото Море се повлекува со брзина од повеќе од еден метар годишно.

Проектот би чинел десет милијарди долари, при што годишно преку каналите би минувале две милијарди кубни метри вода. Спроведувањето на прокетот може да се очекува најрано за десет години.
Групите за заштита на животната средина изразија загриженост и предупредија на опасноста морската флора да ја промени бојата на Мртвото Море или подземните извори на вода да бидат загадени со морска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1