Уругвај забрани во следните десет дена да се играат фудбалски натпревари во државата како одоговр на насилствата на натпреварот помеѓу Пењарол и Насионал во кој големанот на гостите удри полицаец и потоа беше уапсен. Тоа го соопшти претседателот на Уругвајската фудбалска асоцијација, Себастијан Бауза.
– Се договоривме со министерот за внатрешни работи дека постојат некои граници што не смее да се преминат, рече Боуза.
Пред натпреварот во пукотници во градот при пресметка на две хулигански групи, тешко беше повредено едно момче кое е на интензивна нега.
Полицијата по завршувањето на натпреварот влезе на теренот за да го одбрани судијата од напади на играчи на Насионал.
Апсењето на голманот Бава го побара судија кој инцедентот го видел за време на ТВ пренос.
Бава беше во притвор еден ден, а потоа пуштен откако јавно се извини заради нападот врз полицаец.
Пењарол нема да може да игра финале на јужноамерикански куп против аргентинскиот второлигаш Атлетико Тукумана кое беше закажано за в сабота.