Дејан од Драчево го фати крстот во Скопје – за мојот син, вели Дејан


dejan krst

Дејан Арсовски од Драчево е човекот кој денеска го фати крстот од осветените води на Вардар.

Како што тој изјави, ова е прв пат да скока по крстот, а на ваков чекор се одлучил во чест на својот син Војдан, на кој денеска му е именден.

– Денеска скокам заради синот Војдан, кому му е именден и има една година и два месеца. Се надевам дека ќе ме послужи среќа, здравје и успех во работата, рече Арсовски, кој работи во берберски салон „Малеш“.

Инаку, тој се натпреваруваше со уште 172 лица кои исто така скокнаа по крстот во реката Вардар.

Прес24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1