Видео: По 20 мин барање крстот во Охрид 5-ти пат кај Јован – 35 измрзнати


По петти пат оваа година крстот во водите на Охридското езеро во фати 35-годишниот Јован Бабачев од Варош.

ohrid-vodiciПред повеќе од 10.000 верници крстот во осветените води го фрли владиката Дебарско-кичевски г.Тимотеј. По дваесетина минути барање крстот по петти пат го пронајде Бабачев.

-Повторно е Јован Бабачев од Варош. И пак речете дека било наместено. Скокна по дваесетина минути и пак тој го фати – беше коментарот на владиката.

Во вистинската битка да се фати светиот крст во Охридското езеро, триесет и пет фаќачи добиле сериозни смрзнатини, објавува весникот Вест. Причина за тоа била ладната вода, но и долготрајното барање на крстот на езерското дно кое траеше повеќе од 15 минути.

-Имавме околу 25 интервенции поради смрзнатини, посекотини и други повреди за време на фаќањето на светиот крст. Сите што имаа вакви здравствени проблеми се навреме згрижени од страна на медицинските екипи кои го следеа целиот тек на црковната манифестација. Ниту еден од нов не беше животно загрозен, велат од Црвениот крст од Охрид чии екипи беа во Езерото и на кејот, за Вест.

Видео – Бриф.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1