Нов тим ќе го истражува загинувањето на Трајковски


Формиран е истражен тим за нова истрага за смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, изјави советникот на министерот за сообраќај и комуникации на БиХ Омер Кулиќ.

trajkovski kingerСе чека само министерот Дамир Хаџиќ да потпише и официјална одлука зa основање на тимот. Според информациите тоа ќе се случи идната недела по што тимот ќе ја започне новата истрага.

Истрагата ќе ги разгледува само новите докази, но нема да ги земе во предвид изјавите на наводните очевидци кои сведочеа дека џипови биле на местото на несреќата многу пред времето што наводно бил пронајден авионот во кој загинаа претседателот Трајковски и 9 членови на неговиот кабинет и екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1