Околу 800 цивили, со маски и оружје, неделава почнаа да ги завземаат контролните пунктови на патиштата, а во таа акција успеале да уапсат околу 30 луѓе, обвинети за трговија со дрога, киднапирања и уцени.
Неколку стотина цивили, во два града во Мексико, одлучија да ги преземат работите во свои раце и да се пресметаат со криминалот – се вооружале и тргнале да ги апсат обвинетите за кривични дела, а вовеле и полициски час.
Таквата акција ги приморала властите да им ветат дека ќе ги зајакнат безбедностните мерки во таа област. Со маските и оружјата, воглавно пиштоли, оваа недела почнаа да ги завземаат контролните пунктови на патиштата во државата Гуереро, југоисточно од Акапулка.
Лидерите на групите соопштија дека во акција тргнале за да се изборат против криминалот. Гувернерот на државата Гуереро одговорил во соопштение дека во оваа област ќе испратат војници, маринци и екипи од федералната и државната полиција.
Според зборовите на жителите, во акција на вооружените групи учествувале и околу 800 цивили, кои делувале како независна полиција, а школите во оваа област биле затворени.