Изгласано: Марко Зврлевски, нов јавен обвинител на Република Македонија


Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на продолжението на 52. седница го именува Марко Зврлевски за јавен обвинител на Република Македонија. За предлогот гласаа 58 пратеници, воздржани и против немаше.

zvrlevskiМарко Зврлевски досега беше прв човек на скопското обвинителство, а функцијата јавен обвинител ќе ја извршува во следните шест години. Дипломирал на скопскиот Правен факултет во 1985 година, а во Обвинителството на разни позиции е 23 години.

На оваа функција Зврлевски доаѓа на предлог на Владата, која исто така за него добила позитивно мислење и од Советот на јавни обвинители.

Досегашниот државен јавен обвинител, пак, Љупчо Шврговски чиј што шестгодишен мандат завршува за една недела, најверојатно, како што вели, ќе и се посвети на адвокатурата.

Во претресот по Предлогот за негово именување, Орхан Ибраими од ДПА рече дека Албанците од ДУИ очекувале на клучни позиции во земјата да бидат именувани припадници на оваа етничка заедница, но оти досега тоа не се случило.

Претходно, денеска Собранието го именува Христијан Делев за заменик-министер за економија, на местото на Катерина Веловска, која поднесе оставка на функцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1