Во Москва изминатите четири дена падна половина метар снег што предизвика сообраќаен метеж во главниот град, но не го загрози функционирањето на аеродромите.
Висината на снежната покривка е над просекот за месец јануари, изјави заменикот градоначалник Пјотр Бирјуков.
– Изминатите четири часа наврнаа 50 сантиметри снег во Москва. Од почетокот на месецот паднаа 65 сантиметри снег, додека просекот за месец јануари е 42 сантиметри, истакна Бирјуков.
Според него машините за чистење снег во изминатите четири дена исчистиле 2,5 милиони кубни метри снег.
Функционирањето на аеродромите во главниот град Шереметјево, Домодедово и Внуково не е загрозено и нема откажување на летовите