Двајца браќа од Тенеси, рибари избегнале трагедија за влакно. Додека ловеле риба во близина на браната моторот на нивниот чамец откажал и струјата го одвлекла накај водопадот и застанал на самата ивица. Секунди ги делеле браќата од смрт доколку чамецот се превртел.
Грег и Гери често рибарат на браната на Barren Fork River и ни самите не знаат зошто моторот престанал да работи кога чамцот иако бил стар редовно го одржувале. Успеале да се спасат благодарение на присебноста и многу среќа, двајцата застанале на другиот крај на бродот да со својата тежина одржуваат баланс и да не се превртат.
,, му кажав на брат ми те сакам – тој рече и јас те сакам тебе – мислевме дека ќе умреме,, изјавил 47 год Грег.
Помошта пристигнала по неколку часа – а целата акција за нивно спасување траела цели 3 часа. Го врзале чамецот со јаже кое им го фрлиле за да се осигураат дека нема да се превртат додека спасувачите не стасаат до нив. За среќа на крајот биле спасени и браќата а успеале да го извлечат и чамецот.