Воислав Зафировски разрешен од Антикорупциска


Во рамки на 52. седница Собранието на Република Македонија попладнево го разреши Воислав Зафировски од Државната комисија за спречување на корупцијата, по иницијатива на комисијата.
Во иницијативата се наведува дека Зафировски, во периодот кога бил претседател на Антикорупциска, ги пречекорил границите на служебното овластување со што се создале услови за негова лична одговорност.


voislav-zafirovskiЗа оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски, членови на Комисијата за верификација на факти, не се гласаше бидејќи во салата не беа присутни две третини од пратениците.
Пратениците ги ратификуваа Договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеќу Владата на Република Македонија и Владата на НР Кина, Амандманот на Статутот на Меѓународната финансиска корпорација и Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за правна помош во граѓански и кривични предмети.
Претходно, беа разрешени и именувани нови претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ и избраа член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво.
Собранието ги донесе законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата, на Законот за хартии од вредност, на Законот за странците, на Законот за матичната евиденција и на Законот за постапување по претставки и предлози.

Пратениците го донесоа и Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и Дополнетиот предлог на законот за автокамповите. Изгласани се и измените и дополнувањата на Законот за агенциите за привремени вработувања, на Законот за работните односи и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1