Видео: Секунди ги делеа од смрт 2ца браќа кои со чамец виселе на ивица на брана


Двајца браќа од Тенеси, рибари избегнале трагедија за влакно. Додека ловеле риба во близина на браната моторот на нивниот чамец откажал и струјата го одвлекла накај водопадот и застанал на самата ивица. Секунди ги делеле браќата од смрт доколку чамецот се превртел.

ht_greg_gary_cherry_boaters_dam_ll_130121_wgГрег и Гери често рибарат на браната на Barren Fork River и ни самите не знаат зошто моторот престанал да работи кога чамцот иако бил стар редовно го одржувале. Успеале да се спасат благодарение на присебноста и многу среќа, двајцата застанале на другиот крај на бродот да со својата тежина одржуваат баланс и да не се превртат.

,, му кажав на брат ми те сакам – тој рече и јас те сакам тебе – мислевме дека ќе умреме,, изјавил 47 год Грег.

Помошта пристигнала по неколку часа – а целата акција за нивно спасување траела цели 3 часа. Го врзале чамецот со јаже кое им го фрлиле за да се осигураат дека нема да се превртат додека спасувачите не стасаат до нив. За среќа на крајот биле спасени и браќата а успеале да го извлечат и чамецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1