Со откривање стаклен билборд со ликот на Тоше Проески, општина Богданци го одбележа 32-риот роденден на македонската музичка ѕвезда.
Во присуство на градоначалникот Ристо Ичков, Учениците од Богданци со палење свеќи го поздравија откривањето на спомен-обележјето во градскиот парк.
– Сметам дека со овој чин оддаваме скромна почит на ликот и делото на Тоше, а воедно излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, особено на желбите на младите, рече градоначалникот Ичков.