Аларм: И замената за канцерогениот БПА во пластични шишиња е штетна


Експериментите покажуваат дека бисфенолот S ја нарушуваат хормонската активност.

Пред неколку години, производителите на шишиња со вода, на пластичните амбалажи за храна, бебешките продукти имаа голем проблем. Клучната состојка на пластиката што ја користат за да ги направат производите, е бисфенол А, која научниците ја поврзуваат со дијабетисот, астмата и ракот, измените на простата и невролошкиот развој.

 

bpa

ФДА и државните законодавства размислуваат за акција за ограничување на употребата на BPA, додека трговците беа под притисок да ги отсртанат продуктите на полиците кои содржат ваквата супстанца.
Индустријата одговори со создавање на BPA слободни производи, кои беа создадени од пластика, кои го содржат соединението наречено бисфенол S. Покрај тоа што имаат слични имиња BPA и BPS имаат и слична структура и флексибилност.

BPS сега е познат по тоа што се користи во речиси се, па дури и во создавање на валутите. Високата изложеност на луѓето на BPS била потврдена во една анализа направена во 2012 година, откако биле земени неколку примероци на урина од САД, Јапонија, Кина и уште пет други земји.
Според една студија направена од страна на Универзитетот на Тексас медицинската филијала на истражувачи во Галвстон, исто како BPA и BPS ги нарушува клеточните одговори на хормонот естроген, менувајќи ги обрасците на клеточниот раст и нивното изумирање како и ослободувањето на хормоните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1