Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 0,5 денари, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,32 %.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 71,00 ден/лит.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 60,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 42,524 ден/кг.