Поевтин бензин од полноќ


benzin4

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 0,5 денари, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на нафтените деривати се намалуваат во просек за  1,32 %.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50  ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00  ден/лит и ќе изнесува 71,00 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде  60,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 42,524 ден/кг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1