Планинарскиот дом целосно изгоре во пожар што почнал доцна во неделата кон понеделникот. Жртви нема, сите присутни лица биле евакуирани, а причинета е голема материјална штета што дополнително ќе се утврдува.
Се уште не се утврдени причините поради кои настанал пожарот. Полицијата моментално врши увид на местото на пожарот.
„Дојавата за пожарот во противпожарната служба во Битола е примена во 24 часот. Кон Домот се упатија седум пожарникари со три возила. Но, бидејќи патот до таму е непристапен, кога стигнавме веќе пламенот зел замав, па немаше можност за интервенција”, вели командирот на противпожарната служба на Битола, за „Макфакс”.
Опремата за гасење, до местото на пожарот била носена со ратрак, поради непристапност на теренот.
Командирот за „Макфакс” потврдува дека нема човечки жртви, а дека сите присутни биле навреме евакуирани.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
Планинарскиот дом кој нудеше 16 соби за сместување е изгорен до темел, а материјалната штета дополнителни ќе се утврдува.
Според битолските медиуми, во текот на вчерашниот ден биле организирани неколку зимски манифестации околу домот, а сега остануваат без една од омилените дестинации за зимски спортови и уживање.
извор Макфакс/ фото Канал5