Еден затруен од пожарот на Пелистер – Еве што остана од планинарскиот дом


Едно лице се пријавило за укажување на лекарска помош поради вдишување на чад во пожарот којшто избувна и во којшто целосно изгорен планиранскиот дом „Копанки“ на Пелистер, соопшти МВР.

28bhrtfhnedhjntr4u40113korth6jhntynjrtpanki2Планинарскиот дом целосно изгоре во пожар што почнал доцна во неделата кон понеделникот. Жртви нема, сите присутни лица биле евакуирани, а причинета е голема материјална штета што дополнително ќе се утврдува.

Се уште не се утврдени причините поради кои настанал пожарот. Полицијата моментално врши увид на местото на пожарот.

„Дојавата за пожарот во противпожарната служба во Битола е примена во 24 часот. Кон Домот се упатија седум пожарникари со три возила. Но, бидејќи патот до таму е непристапен, кога стигнавме веќе пламенот зел замав, па немаше можност за интервенција”, вели командирот на противпожарната служба на Битола, за „Макфакс”.

Опремата за гасење, до местото на пожарот била носена со ратрак, поради непристапност на теренот.
Командирот за „Макфакс” потврдува дека нема човечки жртви, а дека сите присутни биле навреме евакуирани.

6yhrthy4r6hu67ujh280113kopanki5jpgytjtyju7ymkuyhmfrnjer4e4tbhrtfhnjrjnr5t7i78i8uytyjre65uhj6jtyjnrhewe4rtht

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Планинарскиот дом кој нудеше 16 соби за сместување е изгорен до темел, а материјалната штета дополнителни ќе се утврдува.

Според битолските медиуми, во текот на вчерашниот ден биле организирани неколку зимски манифестации околу домот, а сега остануваат без една од омилените дестинации за зимски спортови и уживање.

извор Макфакс/ фото Канал5

280113kopank6yh54r8549874946665946t1gb6rthbr456hjrtni7 28011tyhnjr64huy5jnrfdhery6trh56jhu3kopanythnrthrrki9

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1