Триесестгодишната Сабин Мариќ државјанка на Брегот на Слоновата коска, е уапсена откако полицијата во стан во београдската населба Баново брдо пронајде мртов маж во локва крв, жена со пена на устата до него и две неповредени деца.
Жената е однесена во болница и спасена но против неа е поднесена пријава за убиство.
Според полицијата таа го убила својот 40 годишен сопруг Бранко Мариќ , а потоа сакала да се самоубие. Се претпоставува дека Сабин го убила бидејќи Бранко сакал да се разведе од неа.
„Бебиситерката пристигнала околу 08:30 часот во станот на Мариќ, за да ги чува нивните синови од две и пол и четири години. Кога влегла, затекнала ужасна сцена. Бранко лежел во локви крв на креветот во спалната соба , а неговата сопруга, од чија уста истекувало пена, била на подот во другата соба. Најстрашно е тоа што нивните синови седеле покрај телата на родителите.
Не знаеме што точно виделе децата, но беа потресени. Беспомошно ги довикувале мајката и таткото обидувајќи се да ги разбудат “, вели извор на српски Курир од истрагата.
Според истрагата Сабин го убила сопругот додека спиел.
„Бранко лежел во кревет со повреди и дупка во главата. Се претпоставува дека Сабин со силни удари го онесвестила додека спиел, а притоа му ја издупчила главата со бор-машина. Кога видела што направила, таа испила огромна количина таблети. Имала и рана од нож во стомакот“, вели соговорникот на српски Курир.